Салонот Дива опстојува од нетака далечната 2005год. но иако краток период доволно претпознатлив на пазарот за венчаници. Првото појавување беше и се уште е во Г.Т.Ц на вториот кат од кај плоштадот.
Како и секој почеток така и ние почнавме во помал простор и помал тим, меѓутоа со тек на времето, бидејќи заинтересираноста за нашите модели беше се поголема и квалитет на изработката се проширивме во уште еден салон на истата локација , а со то и зголемен е и бројот на вработените.
Препознатливи сме по љубезниот прием на идните невести и советите кои им ги нудиме за полесно да се одлучат која креација да ја одберат. Креациите ги изработуваме по сопствени идеи, а и со помош на современиот интернет пристап. За изработка на моделите употребуваме материјали и модни детали кои во моментот се тренд и најново на пазарот. Секогаш сме во тек со најновите трендови.
Имаме свој каталог на моделите кои се веќе изработени, но работиме и по сопствен избор на идната невеста, и секако со договор и консултации но пред се младата да биде задоволна и среќна да го напушти нашиот салон.
Нашето мото е Среќна и задоволна невеста.